Град Скопје стипендира 25 средношколци со попречености


Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек реализацијата на проект „Стипендирање на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје“, со цел подигање на квалитетот на образованието на оваа категорија на ученици.

Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје ќе се стипендираат 25 ученици со попречености од средните училишта на Град Скопје.

За добивање на стипендијата кандидатите треба да се ученици со попречености кои имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во психичкиот или физичкиот развој и специфичните потреби, издаден од надлежна установа, согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој; Да се државјани на Република Cеверна Македонија; Да се жители на Скопје; Да се редовни ученици во средно училиште на Град Скопје; Да се редовни ученици од I година кои во текот на основното образование имаат постигнат минимален просечен успех од 3,00; Да се редовни ученици од II до IV година кои во текот на средното образование имаат постигнато минимален просечен успех од 3,00;
Да не се корисници на стипендија од друга институција, претпријатие или друга организација во учебната 2020/2021 година; Да немаат повторувано година во текот на своето образование, освен поради здравствени причини.

Висината на стипендијата за еден ученик ќе изнесува 3.000 денари месечно (нето износ), во времетраење од 9 (девет) месеци за учебната 2020/2021 година.

Во постапката за доделување стипендии од Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование за 2020 година, во изборот ќе влезат апликанти – средношколци, кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 60 бодови, од вкупно 100 бодови.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на следнава документација:
Пријава за стипендирање на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје;
Копија од лична карта на родител/старател/друго овластено лице;
Копија од државјанство на апликантот;
Потврда за редовен ученик во учебната 2020/2021 година издадена од средното училиште;
Копија од свидетелствата за завршени претходни учебни години, при што учениците од прва година средно образование потребно е да ги приложат свидетелствата од основно образование (од 6-то до 9-то одделение);
Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во психичкиот или физичкиот развој и специфичните потреби, издаден од надлежна установа, согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;
Потврда од средното училиште дека апликантот нема повторувано учебна година во текот на своето образование, освен поради здравствени причини (што се докажува со соодветна медицинска документација);

Изјава потпишана од родител/старател/друго овластено лице со која се потврдува дека апликантот не е корисник на стипендија од друга институција, претпријатие или друга организација во учебната 2020/2021 година;

Изјава за согласност за обработка на лични податоци.

Пријавата за стипендирање средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година, Изјавата со која се потврдува дека апликантот не е корисник на стипендија од друга институција, претпријатие или друга организација во учебната 2020/2021 година, и Изјавата за согласност за обработка на лични податоци, се достапни во Архивата на Град Скопје, и на интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 24.09.2020 година до 19:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака: за „ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ, УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА ГРАД СКОПЈЕ“.

Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на апликантот кој ја поднесува пријавата.

Неуредните пријави нема да се разгледуваат.

Рокот за пријавување е до 24.09.2020 година.