Град Скопје потпиша Меморандум со Националниот совет за унапредување на родовата еднаквост

Град Скопје потпиша Меморандум за воспоставување на соработка со Националниот совет за родова рамноправност со цел имплементација на понатамошни заеднички активности за промоција и унапредување на родовата еднаквост преку заеднички иницијативи.
Како што информираат оттаму меморандумот склучен помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателката на Националниот совет Савка Тодоровска, се однесува на промоција и унапредување на родовата еднаквост на локално ниво, како и на подобрување на услугите и пристапот до сервисите на ранливите групи, посебно на жените жртви на семејно и родово базирано насилство.