Град Скопје не може да најде лекари за Комисијата за каснати од кучиња – го повтори огласот


Фото: Б. Грданоски

 Град Скопје повторено објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје.

Предмет на јавниот повик, како што соопшти Градот, е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа еден член и еден заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози и два члена и два заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.

Рокот за пријавување е до 11 јуни 2022 година.

– На членовите од редот на лиценцирани лекари трауматолози и од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата, надоместок во висина од 25 илјади денари, во нето износ, соопшти Град Скопје.

Јавниот повик е објавен  врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 4 мај 2022 година.