Град Скопје: Годишнината од земјотресот со Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд


Фото: Б. Грданоски

Град Скопје ја објави програмата за одбележување на 56 години од катастрофалниот земјотрес. В петок во Градскиот парк ќе се одржи концерт на кој ќе настапат балкански ѕвезди, меѓу кои Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки музичар на хармоника), Биља Крстиќ и Биг Бенд.

-26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и неговите жители. Исто така, овој ден е значаен бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому. И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто сама така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти. Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас, велат од Град Скопје.