Град како пинг-понг топче ги уништи нивите во Пелагонија
Град со големина на пинг-понг топче го уништи родот во Пелагонија. Најпогодени се селата Добрушево, Канатларци, каде невремето предизвика големи штети на нивите со пипер, бостан и тутун, а пред жетвата направи штета и на житните посеви. Невремето се случи околу 17 часот, кога земјоделците сѐ уште беа по нивите.
„Стравотија што траеше дваесеттина минути. Силен град со голема на топче уништи сѐ, го испука бостанот, го уништити пиперот, ja обра жетвата, тутунот од каде се надевавме дека ќе почнеме да ја береме првата рака. Сѐ е попусто со авионите за засејување на облаците, треба градобијна заштита“, се жалат земјоделци од Битолско. (А.Б.)
