Грабар-Китаровиќ призна дека хрватската полиција употребува насилни методи против мигрантите


Светските медиуми беа шокирани од изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која призна дека полицијата насилно ги враќа мигрантите од хрватската граница, за што веќе пишуваа медиумите.

Хрватскиот портал Index.hr потсетува дека Колинда Грабар-Китаровиќ признала за време на нејзиниот престој во Швајцарија во изјава за телевизијата СРФ: „Се разбира, потребно е малку насилство кога спроведувате „пушбек’“.

Меѓутоа, проблемот е во тоа што, како што пишува Индекс, спроведувањето насилно враќање на мигрантите од границата е спротивно на меѓународните конвенции што ги има потпишано Хрватска и употребата на насилство во овој контекст е нелегално според меѓународните и хрватските закони.