„Got Back“- Пол Макартни на 80 години на турнеја низ Америка


САД- Во екот на популарноста на неодамнешниот документарец на Питер Џексон The Beatles: Get Back” , Пол Макартни ја објави, како што ја нарекува, неговата турнеја „Got Back“, музички излет во 13 градови, 14 свирки низ САД, што започнува само нешто повеќе од два месеци од сега.

Турнејата ќе биде мешавина од стадиони и арени. Меѓу првите е датумот на 13 мај на стадионот SoFi во Л.А., означувајќи прилично брзо враќање во областа откако тој ја заврши својата турнеја во 2019 година со триумфално појавување на стадионот Доџер. 

Неколку концерти се одржуваат во градовите што никогаш порано ги немал свирено Макартни, почнувајќи од првата вечер на турнејата, која се одржува во Спокејн арената. Освен тој град во Вашингтон, Макартни како своето деби во живо најавува на три други места: Холивуд, Флорида, Ноксвил, Тенеси и Винстон-Салем, Северна Каролина.

Тој, исто така, најавува концерти кои чувствува дека се задоцнети за настап  – Балтимор, каде што тој не свирел од доаѓањето на Битлси во 1964 година; Форт Ворт, кој последен пат го видел концерот на Макартни уште од  турнејата „Wings Over America“ во 1976 година; и Оукленд, кој последен пат го посетил пред 20 години.

Другите значајни места се движат од преподобниот парк Фенвеј во Бостон до сосема новата арена Climate Pledge во Сиетл, единствената локација на која има концерт две ноќи.

Турнејата завршува на 16 јуни во Источен Радерфорд, Њу Џерси, на стадионот МетЛајф, кој не мораше да чека толку долго за враќање како некои од другите градови; последен пат тука настапие на стадионот во 2016 година.

Неговиот концерт „Got Back“ завршува токму на време за тој да се врати дома на која било роденденска прослава. Два дена по последниот датум, на 18 јуни, Макартни ќе наполни 80 години. (Варајати)