Гостиварецот кој запали стари автомобилски гуми плати глоба од две илјади евра

Жител на гостивараското село Здуње плати глоба од сто дваесет и три илјади денари за палење автомобилски гуми и друг отпад на отворено, информираат од општина Гостивар.

Глобата за прекршокот му ја изрекол општинскиот инспектор за заштита на животната средина, кој по пријавата излегол на самото место.

Случајот, минатиот месец ја вознемири гостиварската јавност, со оглед дека од силниот оган беше созададен облак од црн чад, а притоа беа повикани пожарникари и полицијата.

Од гостиварската локална самоуправа нагладуваат дека ќе продолжат со активностите и борбата против загадувањето на животната средина.

-Во оваа насока, комуналните инспектори и редари вршат редовни контроли и дејствуваат превентивно, а во одредени случаи преземаат и репресивни мерки, односно прекршителите ги казнуваат со глоби согласно позитивните закони. Апелираме до субјектите и граѓаните да се грижат за заштита на животната средина и укажуваме дека комуналните инспектори ќе продолжат да бидат активни и дека против прекршителите ќе преземат соодветни мерки, наведуваат од општина Гостивар.