Гостиварец им влегол со возило во двор, па ја нападнал сопругата
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ. Х. (49) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот на 30.06.2026 во домот на родителите на неговата сопруга во Гостивар ја оштетил влезната порта со возило, удрил во паркирано возило и оштетил прозорец од куќата, а потоа физички ја нападнал неговата сопруга.