Гостивар доби хируршка сала за ортопедија и трауматологија


Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Општата болница во Гостивар, каде се реализирани повеќе значајни инвестиции за унапредување на условите за пациентите.

– Извршено е рановирање на Ургентниот центар, инвестиција во вредност од 4 милиони денари. Првпат Гостивар добива хируршка сала за ортопедија и трауматологија и оваа новина е многу значајна за жителите на Гостивар и околината, имајќи предвид дека повеќе нема да има потреба да патуваат до Скопје за вакви интервенции. Новата сала е комплетно опремена со најсофистицирана апаратура во вредност над 9 милиони денари. По тој повод, денеска сме тука заедно со д-р Игор Мерџаноски од Клиниката за ТОАРИЛУЦ. За денеска се закажани првите 5 операции во новата сала кои се вршат во соработка со тимот од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, а покрај од Гостивар веќе се закажани за операција и пациенти од други градови, истакна министерот Алиу.

Во болницата во Гостивар во тек е постапката за вработување 37 лица од медицински и немедицински кадар, која ќе продолжи веднаш по изборите, а вработени се и 28 специјализанти од различни области.