Горпишин си заминува од Вардар


Русинот Сергеј Горпишин го напушта македонскиот шампион Вардар, потврди самиот тој за руски медиуми.

Рускиот кружен напаѓач „раскинува“ со „црвено-црните“ по само една одиграна сезона, иако потпиша договор за две.

Тој најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Бундеслигата, каде во минатото настапуваше за тимот на Ерланген.