Формула 1: Со брилијантна стратегија Верстапен го совлада Хамилтон


Неверојатна битка се водеше на Гран при на Франција меѓу двајцата најуспешни возачи – Луис Хамилтон и Макс Верстапен, која најпосле заврши со победа на Холанѓанецот. Тимот на Хамилтон, „Мерцедес“ се коцкаше со едно застанување за менување гуми и тоа изгледаше дека најпосле ќе им се исплати, но во претпоследниот круг Верстапен со леснотија го претекна кој возеше со втор сет помалку оштетени гуми.

Верстапен се одлучи да стави нови гуми, иако беше на чело на трката гледајќи дека ќе биде многу тешко да го задржи водството и да го избегне она што му се случи во Баку, кога експлодира еден од пневматиците на болидот и тој остана без бодови.

Екипата на „Ред бул“ сега не сакаше повторно да влезе во ризик и тоа се покажа како брилијантна стратегија што го однесе Верстапен до победа и до зголемување на резликата во генералниот пласман. Трет беше Серхио Перез од „Ред бул“, а четврт Валтери Ботас од „Мерцедес“. Ова е трета победа на Верстапен сезонава.

Верстапен сега има 131, а Хамилтон 119 бодови.