Гори во Соње, кај Железничка и во Визбегово – пожарникарите на терен


Од 12 часот, со пет пожарникари и две противпожарни возила се интервенира на пожарот на неутврдена површина во атарот на с. Соње и с. Добридол, во близина на Скопје.

Таму, од пожарот е зафатена ниска вегетација. Моментално ситуацијата е под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи.

 

Исто така,  кај железничката и автобуската станица во Скопје информациите кои ги добиле во ЦУК се дека се работи за запалена сува трева помеѓу праговите на железничката пруга. На терен има екипи.

Пожарникарите интервенираат и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички Пат кај Визбегово.

Дополнително низ земјава има уште осум активни пожари.