Гори радиоактивна шума во близина на Чернобил


 

Шумски пожар избувна во радиоактивно контаминирана шума во близина на нуклеарната централа Чернобил, соопштија официјални лица.

Околу 20 хектари горат внатре во исклучената зона на Чернобил, област на 30 километри околу местото на катастрофата во 1986 година, објави на Фејсбук гувернерот на Киевската област Руслан Кравченко.

Тој нагласи дека нивото на радијација е во нормални граници.

Повеќе од 200 пожарникари, меѓу кои 50 војници, се борат со пожарот, соопштија локалните власти. Пожарот е веќе ставен под контрола.

Причината за пожарот се уште не е позната, но регионот на Киев во изминатиот период се соочува со екстремно високи температури и суша, што го зголемува ризикот од пожар.