Гори на Халдики, не се гледа патот од Солун кон Неа Мудања


Шума и сува трева горат во реонот на Каламици, на вториот крак на Халкидики – Ситонија во Грција, а пожарот брзо се шири, објавија грчките медиуми.

Во борбата со огнот се ангажирани 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење.

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а автомобилите се паркираат странично бидејќи не можат да го продолжат патувањето.