Гори магацин за депонирање отпад во Хрватска – воздухот е отровен
Во магацинот на компанијата за депонирање отпад „Еко флор“ во градот Запрешиќ во северозападна Хрватска гори пластика, а на терен се повеќе од 200 пожарникари со повеќе од 40 возила.
Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ на местото на пожарот изјави дека се уште нема информации за причината за пожарот и најави ангажирање на робот за гаснење.
„Инспекторите на Државниот инспекторат вршат регулација на фирмите, но не сум запознаен со деталите за безбедносните мерки на терен. Проценувам дека пожарот ќе трае цела ноќ“, изјави Божиновиќ.
Во пожарот нема повредени, а во фабриката во моментот на избувнувањето биле 12 вработени.
Чад го затрупа целиот град, а Управата за цивилна заштита апелираше до жителите превентивно да ги затворат вратите и прозорците.
Како што се наведува во соопштението на Управата на платформата Х, пријавата за пожарот е примена во 19 часот и 7 минути.