Гори зградата на поранешниот млин „Жито Битола“


 
Силен пожар попладнево ги зафати објектите на поранешниот млин „Жито Битола“ кој сега е приватна сопственост на „Ангромаркет“. На лице место првично интервенираа седум пожарникари со две противпожани возила, но поради сериозноста на ситуација испратени се уште девет пожарникари.
 
Силни пламени јазици се издигаат над објектите и силосите. Огнот сѐ уште гори. На локацијата има неколку објекти и силоси за жито.  Се очекува подробна информација од надлежните за причините за пожарот и моменталната состојба. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот. Млинот последните години е во сопственост на Ангромаркет и во него повторно се произведуваат брашно, леб  и бели печива.
„На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица.“, велат од МВР за пожарот. (А.Б.)