(Видео) Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во Тетовско – затворете ги прозорците!
Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком” во тетовско Фалише, а за негово гаснење повикани се гостиварски фирми со механизација да помогнат при расчистување на материјалите кои не се зафатени со пожарот. Огнот не може да се гаси со хеликоптер, затоа што има густа магла.
Од Центарот за управување со кризи препорачуваат: населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско.
Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком“. Горат околу 100 тони хемикалии.
Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен.
Од Ангелов е координирана помошта од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.
Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.