Гори авион на московскиот аеродром


 

Огромен пожар зафати авион на пистата на московскиот аеродром „Шереметево“ во Русија.

Противпожарни екипи се борат со огнената стихија на аеродромската писта.

Авионот се запалил при полетување за Мурманск, а 78 патници се евакуирани. Според некои руски медиуми петмина се повредени.

Претставници на Комитетот за истраги се упатиле кон аеродромот, а Екатерина Коротова, претставник на регионалното обвинителство рече дека покрената е истрага за авионот „Сухиј суперџет“ кој се запалил при полетувањето на московскиот аеродром „Шереметево“.

„Ќе се проверува дали постои усогласеност со законот”, вели таа.

https://twitter.com/JustinGosling/status/1125063832018272256