Гордана Богеска нова претседателка на Комората на медијатори


Гордана Богеска е новиот претседател на Комората на медијатори. Таа ќе биде на чело на Комората во следните две години.
 
Богеска, како што соопшти Комората на медијатори, е избрана на денешното изборно собрание со мнозинство гласови.
 
Комората во претходниот период во два мандата ја водеше Славе Младеновски, кој по изборот на Богеска, истакна дека пред новоизбраните членови во органите на Комората е период од две години што бара дополнителна енергија и знаење за да може Комората да биде подобра од најдобрите во регионот и Европа. 
 
Новата претседателка во изборната програма и во своето обраќање по изборот вети дека ќе се фокусира на развој на автономна, ефикасна и успешна Комора базирана на најдобрите искуства и стандарди на европските комори. 
 
Во наредниот период најавено е дека Комората ќе продолжи со реализација на започнатите проекти со цел да се зголеми позитивната перцепција за Комората во државата и во регионот.
 
Собранието на Комората ги избра и членовите во Управниот одбор, Етичкиот совет и Надзорниот одбор.
 
Комората на медијатори е формирана на 17 јули 2017 година и досега во Министерството за правда се пријавени околу четири илјади случаи на медијација.