Горбачов: Победата на Бајден е шанса за подобри односи меѓу Русија и САД

Русија – Последниот советски претседател, 89-годишниот Михаил Горбачов, смета дека победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД може да биде шанса за подобрување на меѓусебните односи меѓу Москва и Вашингтон.

Во интервју за агенцијата Интерфакс, Горбачов изјави дека Бајден е „чесна личност која го следи патот на разумот“ и оцени дека неговата победа е можност за спасување на „Новиот СТАРТ, договорот за контрола на вооружувањето меѓу најголемите нуклеарни сили во светот, што истекува во февруари 2021 година.

Официјална Москва се уште се нема изјаснето по повод победата на Бајден на претседателските избори во САД.