Горат вагони на железничката станица во Загреб


Вагони се запалија на Централната станица во Загреб, јавија хрватските медиуми.

Пожарникарите го гаснат пожарот кој зафати неколку вагони на Централната станица во Загреб кај улицата Котурашка.

Пожарот избувнал на еден вагон нешто пред 9 часот, но набрзо се проширил и на другите. На местото на настанот излегле три возила и 12 пожарникари од Јавната противпожарна бригада на град Загреб. За половина час е запрено ширењето на пожарот.

Фотографии на следниот ЛИНК