(ФОТО) Горат два ирански танкери во Оманскиот Залив, никој не презема одговорност за нападот

Иранските медиуми тврдат дека двата танкера биле нападнати во Оманскиот Залив, при што одекнале две експлозии.

Ова е најновиот во низата инциденти и доаѓа еден месец откако два саудиски танкери беа нападнати во водите на Обединетите Арапски Емирати. Тие пренесуваа нафта до САД, а Вашингтон тогаш тврдеше дека Иран стои зад овој напад.

Последниот инцидент се случил рано утринава, во Оманскиот Залив, кога беа нападнати два танкера, објави иранската државна телевизија повикувајќи се на телевизијата Ал-Алам.

Пакистански извори велат дека екипажите на нападнатите танкери испратиле неколку повици за помош.

Во исто време, британската поморска служба испрати предупредување за „неспецифични инцидентот во Оманскиот Залив“. Оваа служба, исто така, испрати предупредување до своите бродови што пловат во овие води за голема претпазливост, особено поради тоа што сѐ уште не се смирени тензиите меѓу САД и Иран.

Се огласи и американската Петта флота, која објави дека примила повици од два нападнати танкери. Исто така, се наведува дека Америка е вклучена во истрагата за тоа кој ги нападнал танкерите и за чии танкери се работи.

Официјален Оман објави дека најмалку еден танкер бил нападнат. Либанските медиуми објавија дека веќе еден од бродовите почнал да тоне.