Голот на Чехот Шик избран за најубав на ЕУРО2020


Погодокот од половина терен што чешкиот напаѓач Патрик Шик го постигна на натпреварот против Шкотска е прогласен за најубав гол на ЕУРО2020, соопшти вечерва Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Голот на Шик доби речиси 800.000 гласови во изборот на официјалниот сајт на УЕФА на кој фудбалските навивачи одлучуваа меѓу десет голови номинирани од техничката комисија на УЕФА.

Своето ремек-дело Шик го постигна со прецизен лоб-удар со левата нога од 45.4 метри што официјално е најголема оддалеченост од која е постигнат гол во историјата на Европските првенства.