Големото искушение за Трамп: Корона вирусот не се победува со твит


Напорите на Трамп за негирање и одвраќање може да се вратат и да го прогонуваат бидејќи тој се соочува со различен вид непријател

 

Уби илјадници, сее широко распространет страв и нарушување и предизвика најлош ден на Вол Стрит од финансиската криза во 2008 година. Како и да е, еден маж не паничи околу коронавирусот. Доналд Трамп само што помина два последователни дена на теренот за голф.

Дури и за претседател на САД, кој направи навика за негирање – од глобалното затоплување до големината на инаугуративната маса на Барак Обама – сегашната криза ја крева летвичката. Еден наслов во понеделникот го опиша тоа како „Чернобил на Трамп“, повикување на советската нуклеарна катастрофа што властите не можеа да ја цензурираат.

Минатите обиди на врховниот командант да ја измести стварноста кон неговата волја, честопати беа исполнети со потсмевање. Но, овој пат тешко дека е претерано да се каже дека илјадници животи се во прашање. Пристигна меѓународната криза од која многумина се плашеа дека ќе го тестира неговото претседателство.

„Негирање, обвинување, одвраќање, лаги – ова се неговите четири главни одговори на секој ривал“, вели Гвенда Блер, биограф на Трамп. „Само овој пат тоа не е личност. Кога мислите на тој модел, тој не работи со микроби. Твитовитене се одговор на глобалниот потенцијал за пандемија “.

Во собир на Фокс њуз минатата недела, Трамп беше потсетен дека тој е „самопрогласен микрофоб“. Блер додаде: „Тој беше голем микрофоб многу децении. Едно време кога го интервјуирав тој ми рече: ‘Имате среќа што ви ја затресев раката’. Во изборната кампања и Овалната канцеларија, за него беше тешко да не се ракува, но можеме да бидеме сигурни дека во близина имало шише ‘Пурел’ (средство за дезинфекција)“.

Трамп се спротивстави на експертите со минимизирање на заканата од корона вирусот, можеби не само затоа што тоа би можело да му наштети во претседателската изборна година. Тој неточно тврди дека наскоро ќе биде достапна вакцина, дека секој што сака тест може да го добие и дека вирусот ќе биде убиен од пролетното време. „Многу луѓе мислат дека тој ќе си замине во април со топлината – како што влегува топлината“, рече тој минатиот месец. „Обично, тоа заминува во април“.

И покрај долгогодишните предупредувања од научниците дека пандемијата ќе дојде еден ден, Трамп го намали персоналот за безбедност на Белата куќа и ги намали работните места за соочување со глобалните пандемии. Тој се обиде да го прикаже корона вирусот како неочекуван момент. „Кој би помислил?“, праша тој за време на посетата на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во Атланта. „Кој би помислил дека дури би го имале како тема?“

Кога реалноста не одговара, Трамп се обидува да најде разврска. Посетувајќи го ЦДЦ тој сугерираше дека е подобро луѓето што се изложени на вирусот на брод за крстарење да бидат оставени на крузерот за да не го зголемат националниот вкупен број.

Претседателот го мина викендот играјќи голф во Флорида, а потоа од понеделеникот започна со собирање средства за неговиот реизбор пред да се појави на брифингот во Белата куќа. На Твитер, тој продолжи да го негира влијанието на вирусот врз акциите што паѓаат: „Саудиска Арабија и Русија се расправаат за цената и протокот на нафта. Тоа и лажните вести се причината за падот на пазарот!“

Тој, исто така, продолжи да изразува ставови „ништо нема во ова“ што е во расчекор со јавното расположение. „Така, минатата година 37.000 Американци починаа од обичниот грип“, напиша тој. „Просечно се движат помеѓу 27,000 и 70,000 годишно. Ништо не е затворено, животот и економијата продолжуваат. Во моментот има 546 потврдени случаи на корона вирус, со 22 смртни случаи. Размислете за тоа! “

Трамп исто така ги обвини демократите дека сакаат да го искористат вирусот за политичка корист. Ваквите коментари предизвикаа разочарување кај службените лица во јавното здравство. Критичарите велат дека претседателот е јасно надвор од неговата длабочина.

Рик Вилсон, коосновач на „Проектот Линколн“ и автор на „Сè што Трамп допира умира“  изјави: „Кога Трамп е соочен со нешто што не го следи на Твитер, тоа не го гледа на Фокс њуз и не доаѓа на неговите митинзи, тој е изгубен. Трамп е дневен трговец“.

Вилсон, кој има искуство во управување со кризи, ја опиша реакцијата на претседателот како „вообичаена трамповска неодговорност и лежерност во еден пакет“. Тој додаде: „Претседателите не добиваат пресуда за лесните работи, туку за тешките работи. Луѓето ќе го оценуваат за начинот како се справивуваме со ова. Тој не инспирира доверба“.

Лери Џејкобс, директор на Центарот за проучување на политиката и управувањето на Универзитетот во Минесота, вели: „Трамп имаше историја на непочитување на политичките конвенции, но играта е завршена. Тој направи огромна грешка со тоа како да се справи со коронавирусот. Тој се стави самиот себеси напред и во центарот. Тој ги осуди експертите, неговата администрација не направи соодветни подготовки и ги поткопа постојните мерки на претпазливост и чекорите што беа преземени за овој итен случај. Неговите отпечатоци се насекаде во овој случај“.

Џејкобс додава: „Трамп се чини дека е исклучен од реалноста. Додека секој Американец размислува за мерки на претпазливост и се прашува дали да ги чува своите деца дома и да не одат на училиште, Трамп, со потценување на што се случува, е одвоен од реалноста со која се бори средна Америка“. (Гардијан)