Големо невреме на северот на Италија, евакуиран дел од населението

 

Силните дождови што денеска го зафатија северот на Италија предизвикаа поплави и покренаа црвен алерм во делови од венето, Фурланија и покраината Болзано.

За неколку часа пожарникарите во венето извршија 400 итни интервенции.

„Поради опасност од лизгање на земјиштето и лавини, ги повикувам сите да избегнуваат одење во подрачјето на Белуно“, изјави за Анса гувернерот на регионот Венето, Лука Заиа.

Eвакуирано населението во Модена 

Во Модена во Емилија-Романа се излеа реката Панаро, па евакуирани се сите жители од некои подрачја. Жителите се повикани да се засолнат на повисоките катови од куќите. Зајакнување на пожарникарит еим пристигна од Тоскана и Пиемонт.

Железничкиот сообраќај меѓу Болзано и превојот Бренер на австриската граница каде има силно снежно невреме е прекинат поради опасност од лавини и паѓање камења и стебла. Сопрен е и сообраќајот на автопатот меѓу Витипано и Бренер. Од Болзано пристапот е можен само по автопат, другите рути се затворени.