Големиот унгарски режисер Бела Тар со онлајн – мастерклас на 20. Синедејс

Унгарскиот режисер Бела Тар, еден од највлијателните и најреволуционерни европски режисери ќе одржи мастерклас на 20. Синедејс.
Според организаторот, неговиот стил еволуираше со текот на годините, од раните филмови како Family Nest (1979) и The Outsider (1981) до неговите проекти Satantango (1994), Werckmeister Harmonies (2000), постепено оддалечувајќи се од она што тој го нарече „социјално кино“ до поновите, длабоко атмосферски филмови како The Turin horse (2011).
Мастеркласот на Бела Тар е закажан на 17.7. (сабота) во 15 часот, кино Фросина МКЦ. Претходно, со почеток во 12 часот, ќе се одржи специјална проекција на филмот „Werckmeister harmonies“, кој е темата на мастеркласот.