Големиот грчки антинацистички херој, Манолис Глезос, почина на 97 години


Во пантеонот на грчките политичари врзани колку за тврдоста, малкумина се издвојуваа повеќе од Манолис Глезос.

Во понеделникот цела нација искажа почести за овој неспорен грчки левичар, кој како 18-годишник во 1941 година го симна нацистичкото знаме со свастика од Акропол и на 92 години беше избран за европратеник за радикалната партија Сириза, кој почина од откажување на срцето на возраст од 97 години.

„За цела вечност тој ќе остане симбол на борец“, рече Алексис Ципрас, лидер на партијата и поранешен премиер. „Левицата, сите ние денес, се чувствуваме како сирачиња, но исто така и среќни што чекоревме со него“.

Осуден на смрт повеќе пати, затворен во затворска ќелија шеснаесет години, кој ја доби наградата за мир „Ленин“, Глезос се гордееше со своето пишување и политичкиот активизам како што тоа го правеше со неговите херојски воени акции.

Кога беше избран во Европскиот парламент, неговата трајна популарност се покажа кога освои повеќе гласови од кој било друг грчки европратеник. Но негова храброст како млад човек да ја симне свастиката од Акропол, неколку дена откако нацистичките сили ја покорија Грција, е она за што тој е најпознат.

Глезос последователно беше уапсен и мачен.

Никос Дендијас, министер за надворешни работи во актуелната грчка централнодесничарска влада, го поздрави Глезос „како главна фигура на националниот отпор против нацистичката окупација. Неговиот став нè инспирираше сите, без оглед на идеологиите и партиите “, рече тој.

Премиерот Киријакос Мицотакис ареди знамињата да се спуштат на половина копје во негова чест, го пофали херојот на отпорот како „симбол на слободата на нашиот народ“.     (Гардијан)