Големи позитивни падови во Шпанија – први ќе можат да излегуваат децата до 12 години


Во Шпанија во изминатите 24 часа животот го изгубија 401 луѓе, што е голем пад во однос на забележаните 565 случаи вчера.
Новозаразени се 1.528, што исто така е значителен пад во однос на вчерашните повеќе од 3.000.
Премиерот Педро Санчез ќе побара од Конгресот продолжување на вонредната состојба во државата до 9 мај. Најави и попуштање на мерките почнувајќи од 27 април. Можност за движење ќе имаат само оние најмладите, односно децата до 12 години.
Поблаги мерки ќе почнат да воведуваат подрачјата во кои стапката на зараза е најмала.
Властите порачаа и дека ќе ја ограничат цената на маските.
Вкупниот број починати од ковид-19 во Шпанија е 20.453, заразени се  195.944, додека 77.357 лица се излечени.