Големи поплави во Италија
Силно невреме, проследено со поројни дождови предизвика поплави во повеќе области во северозападниот дел на Италија.
Врнежите во последните 24 часа поплавија големи површини во централниот дел на Милано, а локалните власти предупредија дека би можело да дојде до излевање на реката Севесо.
Повеќето патишта се затворени за сообраќај поради поплави или откорнати дрвја.
Невремето ја зафати и Џенова со брзина на ветрот од околу 120 километри на час.