Големи нереди на Французите на протестите против пензиската реформа – се кршеа прозорци и семафори


 

Во Париз вчера неколку илјади граѓани излегоа на протести против новата пензиска реформа. Француската влада објави планови за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 64 години до 2030 година.

Десетици младински орханизации повикаа на протести против зголемувањето на старосната граница за пензија. Организаторите најавија околу 150 илјади учесници, а според податоците на полицијата и медиумите, на улиците излегле 12 до 14 илјади луѓе. Порано оваа недела, покрај протестите, во земјата почнаа и штрајкови од големи размери, пишува Дојче Веле.

Демонстранитите во текот на протестот палеа канти за ѓубре, кршеа семафори и фрлаа петарди на главните улици во Париз. Некои демонстранти пред поворките кршеа прозорци на банки и банкомати. Како што соопшти полицискиот штаб, во текот на демонстрациите во Париз уапсени се повеќе од 20 луѓе.

Многу основни училишта се затворени, движењето на железничкиот и градскиот сообраќај е ограничено, а многу летови од аеродромите во Париз се откажани.

Освен најголемите синдикати во земјата се повикуваше на протиести секаде. Во сите акстивности на 19 јануаери учествуваа повеќе од милион луѓе.

Реформата на пензискиот систем едно е од главните изборни ветувања на претседателот Емануел Макрон. Француската премиерка Елизабет Борн ги изнесе главните правци на пензиската реформа, која е насочена на подигнување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години. Планирано е зголемување на минималниот рок за уплата на придонеси на вработените во пензискиот фонд на 43 години, а износот на минималната пензија на 1.200 евра месечно.

Според владините прогнози, недостигот на средства во францускиот пензиски фонд до 2030 година може да биде околу 20 милиони евра. Синдикатите, поддржувачите на десничарската популистичка партија Национално здрушение и левите политичари сметаат дека владините планови се неразумно остри.

Француската влада нема намера да ги менува плановите за пензиската реформа, покрај големите протести, рече владин претставник за Бе-еф-ем ТВ.

Следната недела предлог-законот ќе се најде во кабинетот на министри, а потоа ќе почне расправата во народното собрание.