Голема трампа во НБА: Ентони Дејвис се сели во ЛА Лејкерс


Конечно се реализираше долго најавената размена на играчи во НБА. Ентони Дејвис, еден од најдобрите високи играчи во лигата, се сели во Лос Анџелес Лејкерс каде ќе му се придружи на Леброн Џејмс. Тој пред неколку месеци најави дека сака да замине од Њу Орлеанс. Во обратен правец, пак, заминуваат Бол, Харт и Инграм, а во размената е вклучен и четвртиот избор на НБА-драфтот, Адријан Војнаровски.