Голема еколошка акција во Аеродром на 6 мај


Општествено одговорните компании Пивара Скопје / Pivara Skopje, Пакомак и Man And Mountain преку заедничко партнерство на 6 мај (петок) ја почнувааат една од најголемите акции за чистење во Општина Аеродром наречена „Генералка викенд“.

Жителите на Аеродром ќе можат отпадот од своите домови или од околината да го однесат во специјално обележани места за селектирање различни видови отпад, кои ќе бидат поставени на следните локации:
ОУ „Ѓорѓија Пулевски“
ОУ „Љубен Лапе“
ОУ „Лазо Ангеловски“ и Детска улица „Тоше Проески“
Трговскиот центар во населба Лисиче

Целта на оваа голема акција е сите заедно да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад.

Со секои собрани 10кг отпад придонесуваме во засадувањето нови пристапни шуми наречени „Сончева гора” кои ќе се наоѓаат на различни локации низ Македонија, меѓу кои и Општина Аеродром, а ќе претставуваат национални зелени споменици чиј број ќе се зголемува секоја година.