Голем шумски пожар во Германија предизвикан од гром


 

Стотици пожарникари се борат со огнените пламени во шумата во централна Германија, државата хесе, во четврток, а се претпоставува дека пожарот почнал од удар на гром.

Големиот пожар изби во средата вечерта, по невремето проследено со грмотевици, а жителите од околината ја алармирале противпожарната служба за избивање на пожарот.

Полицијата вели дека никој не бил во опасност. Сепак, пожарот сега е ставен под контрола, но дрвјата сѐ уште се нестабилни и може да паднат. Пожарникарите останаа на местото и неколку часови по гасењето на пожарот.

Дури 400 пожарникари биле вклучени во гасењето на пожарот. Според нивниот портпарол, тројца пожарникари биле повредени за време на гасењето, и пренесени се во болница, бидејќи имале проблеми со дишењето.

„Претпоставуваме дека пожарот во шумата почнал од удар на гром“, рече полицискиот портпарол.