Голем пожар во Сан Франциско, евакуирани луѓе, повреден пожарникар


Повеќе од 150 пожарникари се борат со пожарот кој изби во историскиот дел на Сан Франциско, САД.
Гори во залиовт Пјер 45, соопштија од градската противпожарна служба.
Како што пренесува Си-ен-ен, четвртина од Рибарското пристаниште го проголтал огнот.
Еден од пожарникарите е повреден, има исекотини на раката и префрлен е во локалната болница, но нема други повредени.
Сите посетители се евакуирани од локацијата, како и вработените во околните претпријатија. Се уште не е позната причината за пожарот.