Голем пожар во Пула, на училиште фрлен факел


 

Вечерва пред 20 часот, голем пожар избувна во основно училиште во Пула, Хрватска, јави Индекс.хр

На терен излегле многу пожарникари, кои се обидуваат да го изгасат огнот во училиштето кое се наоѓа во станбена населба.

На местото се и полицајци, кои обезбедуваат простор за граѓаните да не приоѓаат преблиску.

Пожарникарите половина ќас подоцна успеале да го стават огнот под контрола.

Според неофицијални информации од терен, како што дознава еден локалне портал, непознато лице или повеќе, фрлиле запалливо средство на покривот од зградата, по што избил пожар. Наводно се работи за факел.

Во пожарот нема повредени, а засега се знае дека горел дел од покривот. Пожарникарите спречиле огнот да се прошири на училниците.