Голем пожар во Далмација, се евакуираат жители
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/07/dalmacija.jpg)
Пожарот што избувна денеска околу 11 часот во близина на Шибеник, сѐ уште не е под контрола силните налети на ветерот и се шири кон југ. Зафатил и станбени згради, а штабот за цивилна заштита одлучил евакуираните жители да ги смести во спортската сала „Балдекин“.
Како што информираат од „Слободна Далмација“, изгореле и пет автомобили.
„Пожарот сѐ уште не е под контрола на пожарникарите, а силниот ветер го отежнува гаснењето. Се зголемува бројот на ангажирани сили за што поскоро да се локализира“, изјави началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.
На терен се 148 пожарникари, 56 возила и пет противпожарни возила. Сообраќајот на тој дел од автопатот е во прекин, исто така во прекин е и снабдувањето со електрична енергија е во прекин.