Голем пожар во близина на Атина, евакуација на детски камп


Голем шумски пожар избувна во Лаврио, приморски град во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во справувањето со огнените јазици интервенираат 49 пожарникари со 19 возила, два пешадиски тима, два авиони и четири хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, била дадена наредба, превентивно да се евакуираат четири населби и детски камп со околу 600 деца.

На местото на пожарот итно замина заменик-министерот за цивилна заштита и управување со кризи Никос Хардаљас, заедно со тим од надлежното министерство.