Голем пожар во Белград, гори трговски центар
Голем пожар избувна утрово во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград и засега нема информации за повредени.
Пожарот го гаснат 30-на пожарникари со 10 противпожарни возила и се обидуваат да спречат да се прошири на други објекти.
Трговскиот центар е од полуотворен тип со околу 400 локали.
Жителите на околните згради се предупредени да ги затворат прозорците.
Густ црн чад е видлив од неколку делови од градот.