Голем пожар кај езерото Младост во Велес


Голем пожар попладнево избувна во близина на езерото Младост во Велес, кај село Отовица.

Противпожарните екипи се на терен, а од општина Велес советуваат жителите на населбата Отовица, да обезбедат противпожарни апарати и лопати за заштита од пожарот и да внимаваат на својата безбедност.

„Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.“ -апелираат од Општината.