Голем пораст на заболени во Хрватска – 3.162, првпат по април


Денеска во Хрватска се забележани 3.162 нови случаи со Ковид-19, од 10.691 тестирани. Процентот на позитивни во однос на тестирани е речиси 30 отсто. Во однос на изминатите денови, ова е голем пораст, оценуваат хрватските медиуми.

Во изминатите 24 часа починале уште 23 пациенти од последиците на Ковид-19. Четворица од нив се вакцинирани со две дози, а еден со една доза.

Минатата среда во Хрватска имаше 2.022 нови случаи, а пред две недели 1.925.

Повеќе од 3.000 заболени во еден ден во Хрватска немало од април, а претходно во јануари.

Во оваа земја, потполно вакцинирани се 51,99 осто од возрасното население. Досега од Ковид-19 починаа 8.928, а вкупно заболеле 429.974.