Голем метеж на патарината кај Тетово

Голем сообраќаен метеж настана на патарината во Тетово. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за ,,Независен” вели дека не се работи за собраќајна несреќа, туку за гужва.

,,Во прашање е вообичаено продолжена празнична мешаница и гужва, се враќале туристи од Охрид, од Маврово и создадено малку поголема гужва во патариниве. Наши служби веќе се излезени на терен за да помогнат, да го олеснат протокот на сообраќајот”, рече Јосифовски.