Голден стејт прв тим во последните шест децении со пет НБА-финалиња во низа


САД– Голден стејт е првата екипа по шест децении која пет пати по ред стигнува до големото финале на НБА-лигата.

За потсетување, во 60-те години од минатиот век тимто на Бостон играше финале од 1959 до 1966 година.

Противник на Голден стејт во финалето ќе биде поуспешниот од пресметката Милвоки – Торонто (2-1 моментален резултат).

Голден стејт е бранител на шампионскиот трофеј освоен минатата сезона.