Гол шетал низ Загреб и со секира удирал по автомобили. Во куќатa му нашле тело на жена
Полицијата во Загреб денеска во 14 часот и 25 минути добила пријава за маж кој без облека оди по улица и со секира оштетува автомобили во областа Суседград.
Мажот потоа се упатил на домашната адреса, каде што полициските службеници го пронашле и го однеле во службените простории. Во куќата е пронајдено тело. Според првите информации, најверојатно се работи за постар член на семејството.
Не е познато дали жената е убиена
Во овој момент не може да се утврди причината за смртта со оглед на состојбата на телото кое мртво стеоло подолго време.
Според тоа, полицијата сè уште не знае дали жената е убиена или починала од природна смрт. Единствено засега е јасно дека смртта настапила пред извесно време, што го отежнува утврдувањето на причината за смртта.
Мажот е под полициски надзор
Дури откако ќе се утврдат причините за смртта, полицијата ќе може да ѝ соопшти на јавноста за што го товари човекот. Не е исклучено ниту сценариото дека жената починала од природна смрт, а телото го чувал во куќата и никому не ја пријавил смртта.
Мажот е под надзор на полицијата, а на терен излегла истражна екипа на полициската управа во Загреб. Во тек е криминалистичка истрага.