Годишно еден жител во Македонија создава 412 килограми отпад


Секој жител во Македонија во текот на минатата година создал 412 килограми отпад, што е за 8,6 отсто повеќе во текот на 2017 година. Државниот завод за статистика објави дека во текот на 2018 година во земјава е создадено вкупно количество од 854.865 тони отпад, а количината на собран комунален отпад изнесува 625.386 тони, што претставува, пак, 1,6 отсто помалку од 2017 година.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион 166.029 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во земјава. Од вкупното количество собран комунален отпад, 509.002 тони или 81 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 19 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад 535.604 тони или 85,6 отсто, а најмало количество отпад од гума 673 тони или 0,1 отсто од вкупното количество собран комунален отпад.

Најголемото количество на собран комунален отпад 99,5 отсто се исфрла на депонија. Мини-бус за авантуристички туризам во Крушево Крушево набави мини-бус, во рамките на проектот „Локална и регионална конкурентност“, потпроект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, од програмата ИПА 2 на ЕУ. Проектот е реализиран во соработка со Светска банка. Возилото, марка „фиат дукато“, ќе се користи за учесниците во натпреварите во параглајдерство и други туристички активности во текот на годината. Во рамките на проектот во тек е реконструкција на спортската сала во Крушево.