Годишната инфлација во Црна Гора над 15 отсто


 

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, во февруари во однос на јануари се во просек за 0,5 отсто повисоки, покажуваат податоците на Монстат. Во однос на истиот период лани, цените се зголемени за 15,1 отсто.

Во претходната година најмногу поскапеле млекото, сирењето и јајцата – дури 89,4 отсто, потоа месото кое е поскапо за 85,3 отсто.

Лебот и житарките поскапеа за 62,2%, облеката за 47%, а цврстите горива за 42,5%. Зеленчукот е поскап за 39,4%, а услугите во рестораните и кафулињата за 27,2%.

Останатите апарати, предмети и производи за лична нега се поскапени за 20,8%, услугите за сместување за 19,9%, а овошјето за 18,5%.

Цените на краткотрајните стоки за рутинско одржување на домаќинствата се зголемени за 17,3%, шеќерот, џемот, чоколадото и слатките за 16,6%, фризерските и другите услуги за лична нега за 14,5%, а фактичката закупнина за изнајмување стан е зголемена за 14. 4%.

Најголемо влијание врз месечната стапка на инфлација има растот на цените во групите зеленчук, месо, облека, гориво и мазива за моторни возила, потоа леб и житарки, минерална вода, безалкохолни пијалоци, сокови од овошје и зеленчук, овошје; чевли и други обувки.

Потрошувачките цени во јануари и февруари годинава, во однос на истиот период од претходната година, се во просек повисоки за 15,7%.

Гледано по главните групи производи и услуги според намената на потрошувачката, во февруари во однос на претходниот месец, раст е забележан во групите Облека и обувки 1,3%, храна и безалкохолни пијалоци 0,8%, мебел, опрема за домаќинство и рутинско одржување на станови 0,8%, а останати стоки и услуги 0,8%.

Зголемени се цените и во групите Алкохолни пијалаци и тутун 0,5%, транспорт 0,4%, рекреација и култура 0,3%, домување, вода, струја, гас и други горива 0,2%, комуникации 0,2% и здравје 0,1%.

Пад на цените од 1,2% е забележан во групата ресторани и хотели.

Цените на останатите производи и услуги не бележат значителна промена.