Годишна конференција на ОН „Поглед подалеку“


Годишна конференција на Обединетите нации под наслов „Поглед подалеку“ денеска ќе се одржи во Скопје на која ќе се дискутира за мерките преземени од државата и анализите поддржани од агенциите на Обединетите нации, УНДП, ФАО и УНИЦЕФ, за да се помогне Северна Македонија да ги надмине предизвиците во областа на храна и енергија.

Како што велат организаторите, целта на конференцијата е, заедно со националните и меѓународните партнери, да се понудат одржливи и долгорочни решенија кои ќе ги адресираат потребите на ранливите групи и истовремено ќе подржат раст и развој, во услови на висока инфлација и скромни финансиски ресурси.

На конференцијата меѓу другите најавено е и присуството на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика, Фатмир Бесими, Љупчо Николовски и Јованка Тренчевска и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.