Гневни Русинки сечат чанти „Шанел“ поради санкциите

Влијателните Русинки, инфлуенсерки, манекенки не можат да го запрат својот без што не можат да ги купуваат своите омилени чанти и го обвинија „Шанел“ за „русофобија“


Телевизиската водителка, ПР-агент и актерка Марина Ермошкина (28) ја сече чантата „Шанел“

 

Русинките се снимаат на видео како ги сечат своите скапи „Шанел“ чанти во знак на протест поради забраната за нови купувања од нивниот омилен бренд.

Московските модели и инфлуенсери ја обвинија компанијата за „русофобија“ откако „Шанел“ се повлече од земјата.

„Шанел“, исто така, побара од Русите на шопинг патувања во странство да потпишат ветувања дека нема да го носат или прикажуваат брендот во Русија.

Сепак, богатите Руси не изразуваат загриженост за илјадниците загинати и ранети Украинци – или руски војници – што на прво место доведе до санкциите.

Сега тие бесно возвраќаат на она што го гледаат како „русофобија“ со забраната да го купат „Шанел“.

Телевизиската водителка, ПР-агент и актерка Марина Ермошкина (28) го изрази бесот пред своите 299.999 следбеници што во странските продавници на „Шанел“ се бара од Русинките да потпишат потврда дека нема да го носат или прикажуваат брендот во Русија.

„Ниту еден предмет или бренд не вреди за мојата љубов кон мојата татковина и за мојата самопочит“, рече таа, сечејќи ја својата чанта со градинарски ножици.

„Јас сум против русофобијата и против брендовите кои ја поддржуваат русофобијата. Ако поседувањето ‘Шанел’ значи продажба на мојата татковина, тогаш не ми треба ‘Шанел’“.

„Ниту еден предмет или бренд не вреди за мојата љубов кон мојата татковина и за мојата самопочит“, рече Ермошкина

Барајќи од другите жени да ги следат, таа објави: „За нас Русинките, да се има ‘Шанел’ не е значајно. Ние бевме заштитно лице на овој бренд. Уште од детството сонувавме да ја купиме оваа чанта. Но, ниту една чанта, ниту нешто друго, не е над мојата љубов кон татковината или самопочитта“.

Таа рече: „Шанел е едноставно додаток кој во одреден момент реши да ги понижи моите сонародници. И да ги дискриминира по националност. Нема да го толерирам ова“.

Диџејот Катја Гусева (39) со 587.000 следбеници рече: „Јас му велам ‘не’ на ‘Шанел’. Тие ме принудуваат да потпишам понижувачки документ, принудувајќи ме да ја отфрлам мојата татковина во корист на нивниот бренд. Јас сум против русофобијата и против сегрегацијата по националност. За да ви покажам дека сум сериозна, едноставно ќе ја исечам оваа торба. Не ми треба повеќе. Збогум, ‘Шанел’.

Манекенката, бизнисменка и инфлуенсерка која живее во Монако, 42-годишната Викторија Боња, со 9 милиони следбеници, на англиски рече: „Морам да кажам ако ‘Шанел хаус’ не ги почитува своите клиенти, [зошто] треба да го почитуваме ‘Шанел’? Чао чао“.

Таа „никогаш не видела некој бренд да се однесува толку без почитување кон своите клиенти“.

Коментарите изразија бес против жените и нивниот „флешмоб“ #ByeByeChanel.

Еден праша: „Зошто не се грижат за украинските смртни случаи што ги предизвика Путин? А руските војници се праќаат на колење како топовско месо? Наместо тоа, тие го прават овој детски трик со ножици“.

Друг рече: „Да бев на чело на ‘Шанел’, тивко ќе го прославев заминувањето на таквите клиенти“.

Уште еден се пожали: „Зошто не започнат обид за продажба на нивните аксесоари на ‘Шанел’ во корист на децата и бегалците, или кој и да е најблиску до нивното срце?“

Видео-протестот доаѓа откако главните руски членови на повисоките кругови претходно оваа недела ја истакнаа забраната во Дубаи за продажба на нивните омилени брендови.

Руската дизајнерка на ентериер и инфлуенсер Лиза Литвин раскажа како ѝ одбиле чанта „Шанел“ во еден врвен трговски центар во Дубаи.

„Отидов во бутик на ‘Шанел’ во Молот на Емиратите“, објави таа бесна.

„Не ми ја продадоа чантата затоа што (внимание!) јас сум од Русија!!!“

Таа раскажа како „Шанел“ „има нова наредба дека може да продаваат само откако ќе потпишам парче хартија дека нема да ја носам оваа чанта во Русија“.

Таа експлодираше: „Што?!“

Исто толку гневна била и пејачката и позната водителка на ТВ-емисија за мода, Ана Калачникова (37). И нејзе ѝ се случила забраната да купи обетки и чанта на „Шанел“ во Дубаи.

Инфлуенсерката Јана Рудковска (47), продуцентка на музичко шоу од Москва, сопруга на олимпискиот шампион во уметничко лизгање, Александар Пљушенко, беше ужасната – но не го обвини Путин дека ја лишил од нејзиниот омилен бренд.

Таа потрошила повеќе од еден милион евра на „Шанел“ со текот на годините, па забраната ја смета за „донекаде понижувачка“.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека „за време на Втората светска војна, самата Коко Шанел била соработник и агент на Третиот Рајх“

Портпаролката на московското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го обвини „Шанел“ дека се приклучува на „русофобната кампања за ‘откажување од Русија’“.

Таа, исто така, нагласи дека „за време на Втората светска војна, самата Коко Шанел била соработник и агент на Третиот Рајх“.

Русија беше во кампања против фашизмот во Украина, тврди таа.

Француското седиште на „Шанел“ ја потврди новата политика и рече дека е принудено да го примени ова поради санкциите на ЕУ и Швајцарија за луксузни предмети.

„Најновите ограничувања на санкциите на Европската унија и Швајцарија забрануваат продажба, директно или индиректно, на луксузни предмети на кое било физичко, правно лице или субјект во Руската Федерација или за употреба во Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Така, клиентите беа замолени „да потврдат дека производите што ги купуваат нема да се користат во Русија“.

„Шанел“ изјави претходно оваа недела: „Разбираме дека овие мерки, насочени кон усогласување со барањата на законот, може да создадат одредени непријатности за некои клиенти. Во моментов работиме на подобрување на постапката и се извинуваме за сите поврзани недоразбирања и непријатности“. (Дејли мејл)