„Гнаси вмроидни“ и „Гадури левичарски“: навреди меѓу Апасиев и Стојаноска за децата на Трендафилов
Во електризираната ситуација со објавување на децата на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во видеото споделено од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, се вклучи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Тој преку социјалните мрежи упати навредлива порака до Стојаноска, која му возврати на ист начин.
„Добро утро Дафино. Чиви ДЕЦА ќе објавуете денеска по мреживе. #ГнасиВмроидни”, напиша Апасиев.
На тоа Стојаноска возврати исто така со навредлив одговор.
„Добро утро и на тебе, Кончито. Оди прво исперите тоа кошулите измастени црни. #ГадуриЛевичарски”, напиша Стојаноска.