Глобалните случаи на ковид паднаа за 19% во последната недела – СЗО
Бројот на нови случаи на корона вирус на глобално ниво падна за 19% во последната недела, додека бројот на смртни случаи остана стабилен, според Светската здравствена организација.
Во својот неделен извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека минатата недела ширум светот биле пријавени нешто повеќе од 16 милиони нови инфекции со Ковид-19 и околу 75.000 смртни случаи.
Западниот Пацифик беше единствениот регион кој пријави пораст на нови неделни случаи, зголемување од околу 19%. Најголем пад има во југоисточна Азија, каде новите неделни случаи паднаа за 37%.
Најголем број на нови случаи на ковид е забележан во Русија. Случаите таму и на други места во Источна Европа се удвоија во последните недели, поттикнати од напливот на варијантата Омикрон.
Бројот на смртни случаи се зголеми за 38% на Блискиот Исток и за околу една третина во Западниот Пацифик.
Директорот на СЗО за Африка, д-р Матшидисо Моети, минатата недела рече дека има „светло на крајот од тунелот“ за континентот и дека и покрај ниските стапки на вакцинација, Африка преминува од фазата на акутната пандемија.
Нејзините коментари беа остро контрастни со предупредувањата од генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, кој постојано вели дека пандемијата не е завршена и дека е прерано земјите да мислат дека крајот може да биде неизбежен.